JD Group DOOEL како сопственик на веб-страницата www.kiddy.mk се грижи за вашата приватност и постапува согласно со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ бр. 42/2020“ и следни измени).
1. Кои лични податоци ги собираме?
Kiddy.mk прибира само основни информации од своите корисници, и тоа:
-Вашата е-мејл адреса (при нарачка или регистрација)
-Име и презиме
-Адреса за достава
-Телефонски број
Овие податоци се потребни за извршување на нарачки, комуникација и подобрување на корисничката услуга.
2. Како ги добиваме вашите податоци?
Вашите податоци ги добиваме:
-При регистрација на нашата веб-страница
-При креирање на нарачка
-При пријава на нашиот билтен или маркетинг е-пораки
3. Користење на лични податоци
Вашите лични податоци ги користиме исклучиво за:
-Обработка и достава на нарачки
-Испраќање на е-пораки поврзани со нарачки, попусти и новитети (само ако сте дале согласност)
-Контакт со вас при проблеми со нарачката
Никогаш не ги продаваме, изнајмуваме или отстапуваме вашите податоци на трети лица без ваша согласност, освен кога тоа е законски обврзано или неопходно за реализација на услугата (пример: доставувачи).
4. Колачиња (Cookies)
Нашата веб-страница користи cookies за подобрување на функционалноста и корисничкото искуство. Со користење на веб-страницата се согласувате со користењето на cookies. Поставките може да ги промените во секое време преку вашиот прелистувач.
5. Безбедност и заштита
JD Group DOOEL применува технички и организациски мерки за заштита на вашите податоци од неовластен пристап, злоупотреба или откривање.
6. Права на корисникот
Секој корисник има право да:
-Побара пристап до сопствените податоци
-Побара измена, ограничување или бришење
-Поднесе приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци
За такви барања, контактирајте не на info@kiddy.mk.
7. Забрана за користење од малолетни лица
Kiddy.mk не е наменет за лица под 18 години. Со користење на веб-страницата изјавувате дека сте полнолетни. Доколку се утврди дека малолетно лице доставило лични податоци, тие веднаш ќе бидат избришани.
Контакт за заштита на податоци:
📧 Email: info@kiddy.mk
📍 JD Group DOOEL
📞 Телефон: +38970457755