Што е политика за колачиња?

Кога ќе ја посетите нашата веб-страница или ги користите нашите онлајн услуги, kiddy.mk или трети овластени страни може да собираат колачиња кои содржат информации за вас. Оваа политика има за цел да објасни како и зошто ги користиме колачињата.

Користиме различни технологии за да ги подобриме нашите услуги, да анализираме однесување на корисниците и да овозможиме подобро, побрзо и порелевантно искуство – вклучително и персонализирани реклами. Овој текст ја објаснува употребата на колачиња и вашите опции за контрола на нив.

Кога прв пат ќе пристапите на kiddy.mk, ќе добиете известување дека користиме колачиња. Со кликнување „Се согласувам“ или со продолжување на користење на страницата, Вие давате согласност дека сте ја разбрале и се согласувате со користење на овие технологии. Не сте обврзани да се согласите и секогаш можете да ја повлечете вашата согласност преку поставките на вашиот прелистувач.


Што се колачиња?

Колачињата се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на вашиот уред кога ја посетувате нашата веб-страница. Тие овозможуваат препознавање на вашиот прелистувач при повторна посета, зачувување на преференции и обезбедување одредени функционалности. Колачињата поставени директно од kiddy.mk се нарекуваат „колачиња од прва страна“, додека оние поставени од трети страни (како алатки за аналитика, реклами и социјални медиуми) се „колачиња од трета страна“.


Зошто се користат колачињата?

Колачињата се користат за:

-Подобрување на функционалноста на страницата

-Персонализирање на содржина и реклами

-Анализа на посетеност и корисничко однесување

-Чување на кориснички преференции (како јазик или локација)

Колачињата не содржат лични податоци и не можат да читаат содржина од вашиот хард диск или други веб-страници.


Видови колачиња што ги користиме:

-Неопходни колачиња – За основни функционалности (навигација, кошничка, наплата итн.). Без нив, страницата не може правилно да функционира.

-Претпочитани колачиња – За чување информации како избран јазик или регион.

-Статистички колачиња – За анонимна анализа на начинот на кој корисниците ја користат страницата.

-Маркетиншки колачиња – За прикажување релевантни реклами според интересите на корисниците.

-Колачиња за перформанси и функционалност – За препознавање на повторни посети и подобрување на перформансите.

-Колачиња за социјални медиуми – За интеграција со платформи како Facebook, Instagram и други.

Колачињата поставени од трети страни не се под наша контрола. Препорачуваме да ги прегледате нивните политики за приватност.


Рок на чување на колачињата

Колачињата што ги користи kiddy.mk се чуваат до 365 дена, освен ако не се избришат порано од страна на корисникот.


Како да ги контролирам колачињата?

Може да прифатите или одбиете колачиња преку пораката што ќе ја добиете при првото отворање на kiddy.mk. Исто така, може да ги промените поставките за колачиња во вашиот веб-прелистувач (Chrome, Firefox, Safari, Edge и др.) или целосно да ги избришете.


Дали добивам колачиња преку е-пошта?

Некои од нашите е-пошта пораки содржат т.н. пиксели за следење – кои ни покажуваат дали пораката е отворена и дали е кликнато на некој линк. Овие колачиња се уникатни по корисник и не се задржуваат на вашиот уред – тие служат само за интерна анализа.


Пиксели за следење

Покрај колачињата, користиме и пиксели за следење – графички елементи (најчесто 1 пиксел) кои ни овозможуваат да следиме како се користи веб-страницата, како се стигнало до неа и каков ефект имаат рекламите поставени на трети страни (како Facebook или Instagram).


Општи информации

Оваа политика е дел од општите услови на kiddy.mk. Може да биде променета или дополнета во иднина. За повеќе информации, ве молиме погледнете ги Општите услови за користење и Политиката за приватност на нашиот веб-сајт.